„Барбери“ ѝ се врати на природата и приреди одлично модно шоу в шума

18 септември 2020

Во рамки на актуелната модна недела во Лондон, својата колекција ја претстави и модната куќа „Барбери“. Рикардо Тиши, човекот што ги влече уметничките узди во најпознатиот британски бренд, одлучи да ја раскаже својата модна приказна во природа.

Имајќи предвид дека годинава ја живееме сè повеќе одалечени од природата, тој одлучи да направи шоу со кое ќе ѝ се доближи.

Со интересна сценографија, шумските патеки како писта и со соодветна музика која се изведуваше во живо (како што е пракса години наназад), Тиши создаде магија.

Публика немаше во живо, но шоуто имаше онлајн стриминг во живо и четири „виртуелни домаќини“. Имено, Тиши ги покани Бела Хадид, Ерика Баду, Росалија и Стив Лејси, да бидат домаќините кои ќе овозможат публиката да го проследи шоуто од четири различни агли. Секој од нив имаше своја позиција и задача, така што сите што вчера биле вклучени и онлајн ја следеле ревијата имале комплетна слика за шоуто.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 3:56am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 4:44am PDT

Кога се работи за креациите, ревијата како и сезони наназад, е мешана. Сино, бело, портокалово, црно и сребрени нијанси се оние кои беа доминанти. „Барбери“ мантилот доби актуелен современ контекст. Во класичниот крој беа импелментирани различни материјали - кожа, џинс, тафтена ткаенина... А џинсот исто така зема голем дел од колекцијата, во комбинација со плетенини и нежни материјали со принт.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 10:20am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 12:12pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 12:45pm PDT

за моделите беше создадена посебна огледална соба во која тие се пресоблекуваат, што исто така беше делумно документирано, без фризери, стилисти...

Она што апсолутно се издвојува како тренд кој ќе доминира и оваа, а и следните сезона-две, се високите чизми до колена (па дури и повисоки) во црна, бела, кафена и сина варијанта.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 1:48pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 2:26pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry) onSep 17, 2020 at 3:09pm PDT

За разлика од други ревии на „Барбери“ каде класичниот израз е посебно доминантен, овој пат Тиши му се приклонува повеќе на современието, вметнувајќи елементи од традицијата на куќата, а сето тоа презентирајќи го во амбиент кој истовремено може да се толкува како класичен, но и никогаш поактуелен и попосакуван.

Во продолжение погледнете уште некои од креациите:

 

Објавено:
18 септември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
392 пати