Бијонсе лансира колекција спортска облека

1 април 2016

Конечно сите оние кои мислеа дека Бијонсе денеска ќе го објави новиот албум, може да се смират бидејќи станува збор само за нејзината нова спортска колекција. 

Пејачката објави видео во кое може да погледнеме дел од парчињата на нејзината нова Ivy Park, а истата е работена во соработка со Топшоп. 

Колекцијата ќе биде достапна од 14 – ти април во околу 50 земји во светот, а само во првиот ден од лансирањето, истата предизвика многу позитивни реакции низ Интернет просторот. 

Во истата ќе бидат сместени околу 200 парчиња облека меѓу кои и спортски градници, јакнички, боди маички, чорапи, хеланки, тренерки и што уште не. 

Бијонсе изјави дека оваа спортска линија е создадена со цел да ги поттикне жените ширум светот да сфатат дека убавината е многу повеќе од физичкиот изглед. 

Спортската линија ќе биде достапна и онлајн преку страницата на Топшоп, Нордсторм и Селфриџ како некои од ексклузивните продавници. 

Објавено:
1 април 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
398 пати