„Блумарин“: Колекција посветена на иконите од 90-тите Бритни Спирс и Парис Хилтон

26 февруари 2021

Младиот и нов креативен дизајнер на брендот „Блумарин“, Никола Броњано ја посвети новата колекција на 90-тите.

За него тоа се најдобрите години, години кога тој е тинејџер и Бритни Спирс и Парис Хилтон се модните икони го одбележуваат тоа време. 

Како голем обожавател, тој вели дека неговиот „романтизам од 90-тите“ е многу „повалкан, секси“.

Асоцијацијата е јасна уште на прв поглед. Фармерки со спуштен струк, топ маички, гол стомак, светки, лелеави материјали, розова и сина како доминантни бои, цветниот принт во комбинација со крзно, широки ремени, качкети, римјанки - внимателно одбрани најголемите трендови кои одбележаа цела една ера.

Дали се функционални и привлечни денес?

Според него да!

Кендал Џенер, Ријана, Аријана Гранде, Дуа Липа се новите ѕвезди кои според него веќе прашуваат за колекцијата, новата генерација која ги враќа старите трендови и дава нов сјај на некогашните 90-ти. 

Со овој ретро-флеш, дизајнерот сака не само да ја врати, туку да направи естетиката на 90-тите да заживее што подолго и да добие нов контекст во почетокот на новата деценија.

Колку ќе успее да се наметне на модната сцена и да влијае оваа естетика да стане доминантна, остануваме да видиме, исто како и за првите ѕвезди кои навистина ќе се појават во овие креации и ќе направат да доживееме дежа ву.

Објавено:
26 февруари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
199 пати