Босанска дизајнерка го освои светскиот моден свет
•
4 август 2013
Ина Солтани не е толку познато име на балканската јавност, но ако се знае дека нејзините модни парчиња се дел од едиторијалите за Elle и Fashion Gone Rouge, а креациите ги промовираат Синди Крафорд, Алесандра Амбросио, Кирстен Стјуарт, Мајли Сајрус и Џенифер Лопез, јасно е дека се работи за квалитетно модно име.
Нејзините креации се наоѓаат и во „Sak's Fitfth Avenue“ во Дубаи, а неодамна ја претстави и новата колекција за есен 2013 година. Тоа го направи по пат на видео „Awoken Beauty Dance“, во кое главната улога ја има Мона Муратовиќ.
Во продолжение погледнете ја новата колекција и промо-видеото на оваа талентирана дизајнерка.