Ботаниката и природниот свет во централна улога во новата колекција на Диор

25 септември 2019

Оваа сезона дизајнерите се поинтензивно комуницираат со природата и тоа очигледно го пренесуваат во својот концепт на писта. Версаче и Долче и Габана инспирирани од џунглата, Диор пак од ботаниката и градинарството...

Со гласна еколошка порака, Марија Грација Кјури на пистата за ревијата на Диор во Париз, во централна улога ги постави дрвјата што ја сочинуваа сценографијата за која на дизајнерката ѝ помогна специјализираното студио за хортикултрно уредување „Coloco".

Интересно е тоа што сите овие дрвја ќе бидат заседени во Париз со цел да се поттикне еколошката свест во поширок контекст.

Вториот битен момент во концептот на оваа колекција е сестрата на Кристјан Диор, Кетрин, која била ботаничарка и градинарка. Уредувањето на дворот било нејзина страст, а токму во оваа нејзина пасија Марија препознала инспирација за својата колекција.

Ерата на Диор со Марија Грацја Кјури добива сè повеќе на значење и се поголеми симпатии кај вистинските уживатели на модата. А оваа колекција е надоврзување на нејзиното успешно продолжување на приказната.

Комбинации во кои хармонично функционира различна естетика, со акцент на урбаниот израз. Женственоста и грациозноста не губат на значење, напротив дизајнерката секогаш наоѓа нова димензија во која ги истакнува, покрај полежерните аутфити во кои овој пат базично парче беше сината кошула.

Уживајте во пејсажот на Диор.

Објавено:
25 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
219 пати