Ботега Венета ги сплоти трендовите за идното лето во новата колекција

20 септември 2019

Масивните, џиновски торби, плетените сандали, кожените парчиња облека се најавуваат како тенденции за следната пролет-лето сезона, а Ботега Венета успеа сите да ги обедини во својата нова колекција прикажана на модната недела во Милано.

Чевлите со коцкаст преден дел, дизајн на креативниот директор на Ботега Венета, Даниел Ли, буквално преку ноќ станаа моден хит во уличната мода оваа сезона. Исто како и ременот со масивна тока. Па од овој дизајнер се очекува доминантно да ги диктира трендовите и претстојната сезона.

Затоа, посветете внимание на сите детали прикажани во оваа колекција, затоа што токму тие ќе бидат тренд идната летна сезона.

Кроевите се опуштени и делуваат речиси неуредно. Но, токму оваа тенденција на предимензионираност е сè уште водечка, а покрај облеката, присутна е и кај модните додатоци.

Веќе пишувавме за XXL чантите кои се новиот бизарен, но моден тренд кој се повеќе привлекува внимание. По токму неколку такви модели се имплементрани и во новата колекција на Ботега Венета.

Во галеријата во продолжение погледнете ја проекцијата на трендовите за следното лето на овој бренд.

Објавено:
20 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
259 пати