Ботега Венета се појави со нова кампања, за прв пат по исклучувањето од социјалните медиуми
•
9 февруари 2021
Кампањата за колекцијата на Ботега Венета го носи името Салон 01 и е наменета за сезона пролет/лето 2021, објави брендот, неполн месец откако целосно се исклучи од социјалните мрежи.
За прв пат, Даниел Ли и неговиот креативен тим одлучуваат во кампањата да вклучат две познати уметници: Германската концептуална уметница Розмари Трокел и актерката, композиторка и сценаристка Шејла Атим. Кампањата ги вклучува и моделите Нора Свенсон, Никита Стсјолоков, Отава Квами, Андреа Русо, а за фотографиите е задолжен Тирон Лебон.
Вистинските ѕвезди на кампањата се секако текстурите и боите кои доминираат во колекцијата.