Марија Грација Кјури ги претстави своите 65 божици на париската недела на висока мода.
Есенската колекција 2023/2024 на Кристијан Диор донесе една визуелно смирувачка атмосфера преку макси тоалети, извајани силуети кои што ја спојуваат едноставноста на римската и грчката култура.
Чисти, долги линии што дефинираат минимализам, но проткаен со една грандиозна софистицирност и беспрекорност.
Фустани што асоцираат на нимфа, позлатена тантела и деликатни везови, со доминација на белата боја и маслинесто златни тонови.
Кремави романтични решенија со проѕирен финиш и секако костумот на Диор во централна улога, овој пат дефиниран како јакна што ги прегрнува долгите тоалети и здолништа.
Лесно е да се замисли како оваа колекција скромна, а сепак грандиозна, модерна но и класична, ќе биде привлечна за haute couture клиентите во секоја култура каде Диор оставил печат.
Фото:Vogue