Колку „haute couture“ колекциите на Александар Меквин го добиваат оној нагласок на престиж и луксуз, толку неговите „ready to wear“ линии се' повеќе се сведуваат на едноставност, минимализам и носливост.
Идната пролет модниот бренд ќе се „бунтува“ во стилот на „гранџот“ од 90-тите. Едноставните силуети привлекуваат внимание со нападните огледални ефекти на материјалите, односно доминантните силвер и златни сјајни бои, како и спојот на различните материјали и дезени преку техниката пачворк.
Концептуалната тема вклучува слоевити здолништа преку кои карираните дезени се миксаат со нитни, асиметрични транспарентни делови и мрежа. Препознатливите рокерски кожени елеци и јакни, сега се со висок сребрен сјај или обоени во бела боја, додека сандалите се со дебела рамна платформа и тенок ремен околу глуждот. Комплетната слика на колекцијата е современа верзија на „носливите“ трендови од 90-тите.