Бунтовнички став во новата есен-зима ’16 колекција на HUGO BOSS

5 септември 2016

Вљубениците во елегантната машка мода и одличниот квалитет, веќе можат да се упатат во продавницата на Hugo Boss и да ги откријат најновите колекции за есен/зима 2016/17. Оваа сезона новитет во колекциите на брендот достапни кај нас, е колекцијата HUGO која освен класичните парчиња и кроеви препознатливи за брендот има и помодерна, помладешка нишка.

HUGO

Строгите кроеви и богатите материјали се надополнети со необични детали кои даваат нов изглед на класичниот стил. Моделите за оваа сезона доживуваат реинтерпретација со доза на бунтовништво, истражувајќи ја темната страна преку кројачкиот талент. Овој изглед е инспириран од Холивудските гангстери и модернизиран во софистициран бунтовник со автентичен HUGO стил, кој вклучува тенки пруги на оделата и незаменливи „бомбер" јакни.

Џинсот за оваа сезона добива нов сјај благодарение на возвишените јапонски ткаенини, со мазни површини и модерни финиши. Најситните детали можат да направат многу разлика, риги во сина и црвена боја се појавуваат на неочекувани места на маиците, а контрастни ленти се појавуваат и на кошулите.

Релаксирани кроеви на маиците, создадени од лесни и меки материјали се комбинираат со „слим" панталони. Лежерен изглед, но ставот кој се прикажува преку нив ве одвојува од останатите.


BOSS Green

Испланирајте патување надвор од градот и директно на планинските предели со Green колекцијата на BOSS која има голферски шмек. Класичниот лежерен дизајн, преку графички принтови и смели бои ја пренесува енергијата на метрополата, балансирајќи помеѓу модерното и комфорното. Спојувањето на повеќе материјали, придонесува за поголеми перформанси и прогресивна удобност. Плетените ткаенини се судруваат со контрастни индустриски материјали, додека пак еластичноста на памукот и волната ја зголемуваат слободата во движењето.

Иновативниот дизајн во колекцијата овозможува ултимативна функционалност. Термо структурата ја задржува топлината, а истовремено овозможува дишење, дозволувајќи потта лесно да испари од телото.
Еклектични комбинации и дизајни инспирирани од шкотските планински предели со влијание на архитектонски елементи ѝ даваат на колекцијата футуристички изглед.

Јакните изработени од лесен материјал во препознатливата зелена боја и во други темни нијанси, ќе бидат одличен придружник на урбаниот маж кој е секогаш во движење.

 

BOSS Orange

Преку живописни бои, карираната волнена и твид ткаенина се претставени на друго ниво во колекцијата на BOSS Orange за есен-зима 2016. Искомбинирајте ја карираната кошула во поформален изглед и ќе добиете стил инспириран од рокенрол музиката и култура. Бидете храбри, есента е идеална за слоевито облекување кое ќе го комплетирате со автентична кожна јакна.

Есенската колекција на BOSS Orange ја сочинуваат класични модни парчиња со индивидуален рокенрол став во кроењето. Дизајнирани со стил, без разлика за што и да се одлучите, сакоата со остри кроеви, кожните јакни и соврешните „чино" панталони се клучни за оваа сезона.

Слободниот дух е претставен преку кожните моторџиски јакни и блузони со „винтиџ" шарм и истите одат одлично со стилските џинс парчиња.

Океанот е главна инспирација за сините нијанси во колекцијата. Откријте ги кожните парчиња во морнарски бои и џемпери со графички принтови со тематски цртежи кои го отсликуваат морето.
Земјените тонови на маслинеста, беж и „каки" боја ја носат колекцијата во друг правец, нудејќи облека за преку ден која лесно може да ја комбинирате.

 

 

Објавено:
5 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
335 пати