Шанел со суптилен ретро вајб од 60-те ја претстави новата пролетна колекција

25 јануари 2023

Модната куќа Шанел како и секогаш е заслужна за спектакуларно шоу и ревија зад која се крева голема прашина.

На вториот ден од париската недела за висока мода, брендот на уникатен начин ја претстави својата пролетна колекција.

Шанел секогаш игра на сигурно, се придржува до својата естетика и никогаш не греши. А за сè да изгледа беспрекорно на сцената, францускиот уметник Ксавиер Веилхан создаде инсталации од дрва, коишто имаа облик на животни.

Од нив, на големо воодушевување на публиката, изгледоа моделите и ги прикажаа најновите парчиња со потпис на Шанел. Долги фустани, твид, тафт, чипка, нагласени јаки, пелерини се само некои од мотивите што ја обележаа оваа пролетна колекција.

Ревиите на Шанел секогаш завршуваат со уникатна венчаница, па така беше и сега. Она што секако можеше да се забележи е ретро вајб од 60-те, кој што суптилно се проткајуваше речиси кај сите дизајни.

Чизмите со култниот црн врв во форма на круг беа исто така едни од доминантните детали на сцената.

Фото: Vogue

Објавено:
25 јануари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
233 пати