Chloe колекција за пролет-лето 2013

15 јуни 2013

За оваа сезона од Chloe вљубениците на модата ги чекаат тренди парчиња, кај кои доминираат црно-белите комбинации. Модниот бренд како да ги обедини речиси сите моменти кои се актуелни сезонава, па креациите се збогатени со карнери, или пак материјали во дезени со риги. Кога се боите во прашање, освен класичната комбинација на црна и бела, застапени се и пастелни нијанси на виолетова, сина, како и земјените тонови.

Објавено:
15 јуни 2013
Категорија: 
Колекции