Црна зима на Ентони Вакарело
•
18 декември 2013
Карли Клос, Ања Рубик се само дел од познатите личности што се одлучија приватно да носат модели од оваа колекција есен-зима 2013/14 на Ентони Вакарело.
Иако е речиси цела во црна боја, доволно е атрактивна. Комбинација на материјали и текстури ја прави да биде интересна и жива. Металните додатоци се вистински хит, а има неколку мошне успешни црно-бели комбинации.
Она што ја прави уште подостапна за сите е што има модели во кои секоја жена речиси може да се пронајде, а таква ја прават различните кроеви и комбинации.
Вакарело во една пригода изјави дека „Кога ги носите, се чувствувате удобно“. Удобност и сексапил во едно, изгледа дека тоа е добитната комбинација што Ентони многу успешно ја изведува.
Погледнете.