Црвена телефонска кутија инспирација за празничната колекција на Ена Зафировска

12 јануари 2021

Дизајнерката Евгенија Зафировска го презентира новиот едиторијал создаден за празничната колекција со нејзин потпис.

Иако долги години наназад живее и работи во Љубљана, сепак нејзиното родно Скопје е местото каде што е раскажана оваа нејзина модна приказна.

Како вели за нашиот сајт, црвената телефонска кутија, телефонски киоска за јавен телефон, кој е позната глетка на улиците на Британија, Малта, Гиблартар, Бермуди... е инспирацијата за колекцијата.

Црвената боја, која што е чест избор за предизвикување внимание (знаци, предупредување), но и во модна смисла за лесна забележливост е проткаена во нејзините нови дизајни. 

Дел од креациите се дополнети со маски, кои станаа неразделив дел од нашето секојдневие, а зборовите се тие што ги поврзуваат маските и темата со телефонскиот киоск. Така, на маските се испишани позитивни зборови, како поттик да ги изговараме што почесто во ова тешко време.

Рачната изработка е дел од модниот израз на Зафировска, па не беше пропуштена ниту овој пат.

-Маската и црвените рачно изработени кондури се заштитен знак на колекцијата. Koлекцијата ја претставува суштината на рачната изработка и e произведена со употреба на одржливи и рециклирани материјали. Поради оваа причина, секое парче има душа, повеќето од нив се ексклузивни и имаат ограничено производство. Зачувување и унапредување на традиционалната изработка, разновидни вештини за производство и локална експертиза е нешто што сметам дека е основата во дизајнот. На модната индустрија и е потребна нова стратегија за да преживее, стратегија што ќе го спаси рачно изработеното производство што се наоѓа во колекциите на независни дизајнери - вели дизајнерката.

Овој нејзин моден концепт е претставен преку мимималистички, двете комбинации, кои можете да ги видите во продолжение: 

 

Photography:
Vertigo Creative

Model:
Ana Ezhova
Muzej na Sovremena Umetnost

 

Објавено:
12 јануари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
170 пати