Дали е ова најмодерната plus – size колекција досега?

27 јануари 2015

По неколку неуспешни plus – size колекции што брендот Target ги лансираше, овој јануари се чини дека тие конечно си ја завршија работата.

Откако неколкупати имаа проблеми со нивните клиенти кои не сметаа дека имаат заедничка визија за она што би требало да биде plus – size, тие конечно направија колекција што ќе задоволи многу жени со вишок килограми.

Парчињата што тие ги сместија под едно име AVA & VIV, изгледаат навистина шармантно и неверојатно лежерно.

Станува збор за супер удобни парчиња направени од висококвалитетни материјали што ќе ви овозможат целосно уживање во претстојните пролетни, но и летни месеци.

Дел од колекцијата се шик фустанчиња со пруги, тексасни кошули и фустанчиња, но и елегантни палта и здолништа до колената што тимот дизајнери на брендот ги комбинира на неодолив начин.

„Направивме колекција која ја дизајниравме специјално за жените што ја сакаат модата, за сите оние кои сакаат стилски и тренди парчиња, такви со кои ќе можат да се издвојат од сите останати. Во ниту еден момент не почнавме со помислата дека дизајнираме за plus size девојки, туку за сите оние кои се вљубени во модата“, изјави менаџерот на брендот, Џошуа Томас.

Бидејќи во неколку наврати тие направија грешки и ги поставуваа ваквите колекции на места што не се забележува веднаш, овојпат, менаџерот посочи дека ќе има цела секција специјално посветена на plus – size колекцијата.

За разлика од досегашните негативни коментари што беа упатени на сметка на Target, а поврзани со нивните plus – size колекции, се чини дека оваа ќе наиде на бројни симпатии кај девојките ширум светот.

Објавено:
27 јануари 2015
Категорија: 
Колекции