Дамска колекција во ретро издание на Русинката Улијана Сергенко

16 септември 2020

Руската дизајнерка Улијана Сергенко секогаш достојно ја валоризира жената и женскоста во своите колекции. Тоа е нишката на препознатливост која се провлекува низ сите нејзини линии, колку и да се естетски и тематски различни.

Овојпат, во колекцијата наменета за сезоната есен-зима 2020, Улијана се потпре на својот инстинкт за дамското во секоја жена и раскошно му се предаде, насочувајќи го кон есенцијалната, ретро димензија на женственоста.

Преку еклектична игра на принтови што специјално за оваа колекција ги дизајнираа артистите во нејзината модна куќа и елементи од модниот кодекс препознатливи за годините меѓу 70-те и 90-те, Улијана даде своја модерна интерпретација на ретро-дамскиот изглед.

Водечките силуети ги истакнуваат рамената и струкот, а имплементацијата на тантела во повеќето изгледи само го заострува присуството на романтиката.

 

Објавено:
16 септември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
249 пати