Дејвид Бекам ви ги честита празниците со секси колекција на долна облека

14 ноември 2013

Првите фотографии од колекцијата Holiday на неодоливиот Дејвид Бекам за H & M конечно го видоа светлото на денот. Како што и очекувавме, пензионираниот фудбалер изгледа подобро од кога и да е.

Шведскиот гигант уште еднаш докажа дека го направи вистинскиот чекор со тоа што го ангажираше Дејвид Бекам. Девојките буквално полудеа по него, а парчињата од колекцијата ги оценуваат како совршен подарок за нивните партнери за новогодишните празници.

Соработката на Бекам со познатиот бренд трае веќе некое време, а новата колекција навистина е идеален подарок за мажите за оваа празнична сезона.

Ние нема да ве прашаме како ви се допаѓа колекцијата, бидејќи знаеме дека едвај ги приметивте парчињата од истата!

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Колекции