Диор доследни на феминизмот и автентичноста на стилот
•
27 септември 2023
Марија Грација Кјури со својата пролет/лето 2024 колекција останува доследна феминизмот во модата и спојот на минатото и сегашноста.
Пораката е дека секоја жена е приказна за себе, што одлично се прикажа низ бунтовничките креаци во еден вид на париски нео-гранџ стил.
Моќни аутсајдерки во костуми, но и фустани од тантела ги следеа здолништа со висок шлиц, неутрална палета на бои, кошули со еден ракав, суптилно транспарентни фустани, блејзери што ѝ ласкаат на женската силуета.
Навистина сакам да созадам облека која што барем малку докажува дека секој може да го персонализира својот стил.
А тоa овој пат изгледаше вака:
Фото: Vogue/Getty