Не е прв пат за италијатнската модна куќа Dolce&Gabbana да преземе храбри чекори во својата работа и да ја изненади публиката со нешто ново и свежо, па така, тоа не беше исклучок ниту овојпат за време на модната недела во Милано, кога модното дуо ја претстави својата колекцијата за пролет/лето 2023 година во соработка со ѕвездата Ким Кардашијан.
Фото: Vogue
Симболично именувана „Ciao, Kim", ревијата беше отворена со звуци од камери, трепкачки светла и извици „Те сакаме, Ким", додека на видео бим е прикажано видеото од самата Ким како јаде шпагети.
Фото: Vogue
Ова не е првпат Dolce&Gabbana да се поврзат Ким. Нивното прво запознавање се случи минатиот мај, кога дуото ја дизајнираше гардеробата за свадбата на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во Портофино.
За оваа ревија, улогата на Ким беше кураторска. Таа одбра парчиња од минатите колекции на Dolce&Gabbana, особенопериодот помеѓу 1987 и 2007 година, а дизајнерите ги прероаботија тие парчиња и ги приспособија за денешната публика, но суптилно, така што врските помеѓу тогаш и сега се доволно очигледни за публиката на социјалните мрежи.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
На пистата доминираа корсетите, комбинезони, долната облека и тесни фустани на кои беа зашиени етикети кои ја претставуваа годината кога првпат биле претставени. Особено беше видлив модниот печат на Ким кој доминираше преку употребата на растегливата ликра, заводливата тантела и проѕирните материјали.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Иако ограничена, палетата на бои воопшто не делуваше монотоно и здодевно. Доминираа црна, сребрена, бела боја, како и боја на кожа со ноти на црвена и леопард принт.
Иако самата Ким не беше дел од модната ревија, по самото завршување таа, заедно со дизајнерското дуо, се појави на сцената и ѝ се поклони на публиката во тесен црн фустан посипан со светки кој ја следеше линијата на телото.
Погледнете како изгледаа моделите на фотографиите прикажани во галеријата подолу.
Фото: Vogue