Долче и Габана нѝ ги честитаат празниците со фантастична кампања

4 јануари 2016

Модната куќа Долче и Габана нѝ ги честита празниците со нова, повторно неодолива колекција и кампања снимена во нивната родна Италија полна со бои.

Како и секогаш, дел од нивната колекција се колоритни фустани, долги кошули со риги, секси фустани со корсети, безброј апликации, неверојатно добри чевли и секогаш уникатни чанти.

Во кампањата овој пат можеме да видиме и малку поинакви, plus – size модели, но и девојки облечени како калуѓерки кои се лудо вљубени во чантите на брендот.

Во име на нивната омилена Италија, тие повторно сместија имиња на места како Капри, Портофино и многу други на парчињата од колекцијата.

Снимена некаде на југот на Италија, кампањата на Долче и Габана нѐ потсетува дека безгрижните топли денови исполнети со смеа, бои, вкусно овошје и многу забава и не се така далеку.

Погледнете ја фасцинантната кампања на брендот во галеријата во продолжение.

Објавено:
4 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
760 пати