Дона Каран: Ноќното небо над Њујорк преточено во креации

17 февруари 2015

Dona Kolaz

Речиси целата кариера на Дона Каран е љубовно писмо посветено на Њујорк. Ако судиме по колекциите, овој град е непресушна инспирација за креаторката. Така е и во оваа најновата, за есен-зима 2015/16.

Небото над Њујорк ноќе Каран го преточи во креации, но и во сценографија. Токму затоа и централните бои во колекцијата се црната и сивите нијанси, надополнети со светкави златни парчиња и детали, директна асоцијација на светлата на Њујорк. Но, комбинацијата од црно и златно исто така реферира и на почетоците на Дона, така што таа на суптилен начин ја внесува и сопствената ретро нота.

Donna Karan

Сандалите на платформа и чизмите, имаа за задача да создадат издолжена силуета, што ќе ја пренесе пораката дека Њујорк станува се поголем. Кога се пак во прашање ремените и оригами-деловите во креациите, дизајнерката веројатно сакала да потенцира на мултикултуралноста обвиткана со гламур.

Donna Karan

Колекцијата содржи јакни, блејзери, бомбер јакни, како и тесни здолништа со шлиц, тесни, но и широки панталони.

Дона Каран е препознатлива и по нејзините фустани, што и овој пат беа застапени, во една лелеава, широка, елегантна и гламурозна форма.

Donna Karan

Donna Karan

Зборот што би ја опишал колекцијата е урбаност, дизајнерката пристапува кон нови кроеви и шикот го претставува на уметнички начин, создавајќи една модерна и силна жена подготвена цврсто да зачекори под ноќното, но сјајно небо не само над Њујорк, туку насекаде низ светот.

Освен Дона Каран, петтиот ден од модната недела беше исполнет со ревии за бројни познати имиња.

Томи Хилфигер, кој оваа година прославува 30 години работа и ги подготвува неговите мемоари, на оваа модна недела се претстави со колекција типична за него. Како вели, инспирацијата ја пронашол во многу нешта, меѓу кои се и силните жени, а референците на американските спортови се и повеќе од очигледни.

Томи Хилфигер Томи Хилфигер

Томи Хилфигер Томи Хилфигер

Уште еден од дизајнерите, односно брендови оваа година ќе одбележи јубилеј. 3.1 Philip Lim ќе прослави 10 години работа, а на пистата вчера претстави колекција полна со елементи препознатливи за неговиот моден израз. Забележливо е присуството на панк елементи, што не е чудно за овој дизајнер, но она што е ново е што тие елементи се имплементирани во креации што би имале и комерцијален карактер. Така 3.1 Philip Lim се обиде да направи релација помеѓу дисциплината, хаосот и купувачите.

3.1 Phillip Lim 3.1 Phillip Lim

3.1 Phillip Lim 3.1 Phillip Lim

Каролина Херера во последно време станува сè посмела. Конзервативноста на која досега сме навикнале во нејзините креации сега не е толку доминантна. Дизајнерката во претходната колекција посегна по цвеќињата како инспирација, а овој пат тоа е водата – во нејзините буквални и апстрактни претставувања. Токму оттаму е доминантно и присуството на светлите бои, дезените и формите кај креациите.

Каролина Херера Каролина Херера

Каролина Херера Каролина Херера

Рим Акра и Зак Посен преставија колекции што содржат креации идеални за Оскар. Намерата на Посен била поочигледна отколку кај Акра. Иако во колекцијата на дизајнерот се присутни и полежерни комбинации, сепак силен печат е ставен на вечерните тоалети, а присуството на Наоми Кембел која ја затвори ревијата уште повеќе говори за неговата намера. Дизајнерот вели дека со креациите сакал да направи микс од елеганцијата на Грејс Кели и темпераментот на Чака Кан.

Зак Посен Зак Посен

Зак Посен Зак Посен

Рем Акра пак, иако на само неколку дена пред Оскарите ја презентира колекцијата, што можеби од бизнис аспект можеби и не е идеално за неа, претстави модели во кои лесно ќе се вљубите. Нејзината инспирација се полароидните автопортрети на Силви Никс, преточени во креации со изразени бохо елементи.

Рим Акра Рим Акра

Рим Акра Рим Акра

Во продолжение погледнете ја колекцијата на Дона Каран во целост:

Објавено:
17 февруари 2015
Категорија: 
Колекции