DVF принтови во домот: Дајен фон Фурстенберг дизајнираше колекција за H&M Home

7 април 2021

Фустан на преклоп за вашиот дом! Поранешната белгиска принцеза, а светски позната дизајнерка Дајен фон Фурстенберг ја најави својата соработка со H&M Home. Кралицата на принтовите во соработка со тимот на H&M, создаде вибрантна колекција за уредување на домот. 

Двострани волнени ќебиња, миризливи свеќи во интересни стаклени садови, лакирани послужавници, шољи за еспресо и мали тацни, вази и фантастични кутии за складирање се само дел од производите кои ќе бидат во продажба веќе од 16 април. 

Принтовите на дизајнерката кои сиве овие години станаа нејзин заштитен знак се нормално дел од колекцијата, па ќе најдете и црно-бели парчиња и многу, многу боја. 

„Многу е DVF" - изјави дизајнерката накратко за колекцијата.

Интересно во врска со кампањата која е направена за промоција на оваа колекција, е што е фотографирана во домот на самата дизајнерка, оној кој Дајен го купила кога имала 27 години.

Објавено:
7 април 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
98 пати