Џесика Алба дизајнираше колекција џинс

15 јули 2016

Како што веќе знаеме, Џесика Алба е голема обожавателка на џинс, па воопшто не е чудна нејзината соработка со брендот DL 1961.

Инспирирана од фотографиите на Синди Крафорд, Клаудија Шифер и Наоми Кемпбел од 90 – тите, актерката заедно со тимот дизајнери од брендот создаде лимитирана колекција фармерки од само 18 парчиња кои ќе бидат пуштени во продажба кон крајот на овој месец.

Фармерките ги „тестирала“ самата актерка, но и нејзините пријателки на кои им дала по четири чифта во различни величини и стилови за да добие feedback.

Резултатот бил фантастичен бидејќи ниту едни од фармерките не се растегнале по цел ден носење, па дури ни оние со кожени апликации.

Во колекцијата ќе најдете фармерки за сите пригоди, од „скини“ џинс, па сѐ до boyfriend модели кои одговараат на сите облици на телото.

Како што самата таа ќе каже, омилената карактеристика на фармерките според неа е тоа што ниту еден модел нема да го сокрие идентитетот на оној кој ги носи.

Објавено:
15 јули 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
525 пати