Џонатан Сандерс креираше колекција за Lyle & Scott

15 август 2014

Шкотската компанија Lyle & Scott за создавање на машката колекција реши да го ангажира Џонатан Сандерс, кој за оваа потреба креираше 30 парчиња на џемпери, поло блузи и маици во кои најчесто преовладува сината нијанса, со графички и колор блок елементи.

http://vimeo.com/102327231

Естетиката на Сандерс најдобро ја отсликува идејната основа на шкотската компанија која е основана во 1970 година и која за инспирација го користи голфот. Капсулната линија е совршена за сите оние кои ја негуваат спортската елеганција.

 

Објавено:
15 август 2014
Категорија: 
Колекции