Ѕвезди во новата кампања на Барбери се вработените во брендот!

28 јули 2020

Сметководители, асистенти за продажба, топ менаџери, модни дизајнери... – ѕвезди во новата кампања на Барбери се вработените во брендот!

Креативниот директор на етаблираната модна куќа, Рикардо Тиши се одлучи на ваков чекор со цел да ѝ даде почесно значење и место на Барбери заедницата и да ги испочитува луѓето кои придонесуваат за развојот на брендот, а и се дел од неговото семејство.

Секој од вработените е фотографиран пред влезот на својот дом, интерпретирајќи ги на единствен начин парчињата од новата колекција наменета за сезоната пролет-лето 2021.

„Оваа сезона сакав одново да ги запознаам оние нешта што ни носат удобност и сила. Се вратив на она што прво ме инспирираше во кодовите на куќата Барбери, како што се пругите, но ги погледнав со една нова перспектива", објаснува Тиши.

Тој додава дека во креирањето на концептот за лукбукот, се обратил до талентраните вработени во модната куќа и ги поканил да бидат дел од ова патување.

„Многу сум горд на оваа колекција која не само што ги слави препознатливите кодови што ја сочинуваат естетиката на модната куќа, туку и различноста што ја претставуваат талентите како дел од Барбери заедницата, оживувајќи ја магијата на Бербери светот", вели дизајнерот.

Основни бои во оваа линија се неутралните нијанси на беж, потоа црна и сива, но со акценти во црвена, жолта и нијанси на цитрон.

Објавено:
28 јули 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
439 пати