Егзотичната жена на Емилио Пучи ова лето ужива во спортска лежерност

11 јуни 2014

Геометриските принтови во калеидоскоп од бои и линии и оваа актуелна летна сезона се заштитен печат на дизајните на италијанската модна куќа Емилио Пучи, но овој пат адаптирана на тенденцијата на полежерен и спортски крој на моделите.

Женственоста сепак е во преден план со нагласената половина со широките украсени ремени, лелеавите здолништа и високите шлицови, но „спортскиот баланс“ е направен со кратките и секси шорцеви, комбинезоните и широките шалвари.

Атлетскиот дух на колекцијата пролет-лето 2014 обезбедува слобода во движењето и слобода во изборот овие парчиња да се комбинираат и како дневна и како ноќна варијанта. Бескрајниот колорит на принтовите е во хармоничен сооднос со асиметричните сечења во конструкцијата на моделите, кои повремено преминуваат во транспарентен дозиран сексапил.

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Колекции