Во рамки на актуелната модна недела во Париз, новата пролетна колекција ја претстави и Ели Сааб. Овој пат немаше фустани во принцез крој, тешка тантела и кристали.
Дизајнерот овој пат понуди нешто сосема поинакво, летно, егозтично. Инспирацијата ја најде во африканските савани и студио 54. Да, овие навидум сосема различни нешта, Либанецот успеа да ги спои и да добие совршена летна колекција.
Лелеави креации, долги кафтани, совршени свили со принт, лен... Речиси секоја од креациите е во комбинација со турбан и златен накит, кој совршено потсетува на Африка, а воедно ја истакнува женственоста и елеганцијата.
Генерално, ова е една од „полесните“ колекции на Сааб, каде примат се дава на слободата на движење, леснотијата на ткаенините и елеганцијата во движење.
Последниот дел од колекцијата е сепак резервиран за креации во посвечен тон, каде кројот е задржан, но светките доминираат.
Во продолжение погледнете ги сите креации: