Секоја пролет шведскиот бренд H&M прави колекција изработена од природни материјали – свила, рециклиран лен, коноп, создавајќи парчиња по пристапни цени.
Колекцијата содржи луксузни здолништа, куси горни делови, романтични фустани, во викторијански стил. Дел од нив веројатно би се допаднале на девојките што го бараат својот венчален фустан.
Токму тие фустани во кои позира францускиот модел и уметнички директор на брендот, Џулија Рестон Ројтфелд (исто така ќерка на уредничката Карин Ројтфелд), ќе бидат достапни од 7-ми април, а цената им се движи околу 190 евра.
Освен ова, колекцијата содржи и макси здолништа со карнери, како и два типа на миди-здолништа и топ со долги ракави.