Омиленото италијанско дуо Долче и Габана конечно ја лансираше лимитираната божиќна колекција за која знаеме дека ќе биде љубов на прв поглед за многумина.
Сите парчиња од колекцијата се во препознатливиот Долче и Габана стил, со многу кристали, цветни апликации, златна и црвена боја како едни од омилените за празничната сезона.
Како и секогаш, нивните обожаватели во колекцијата ќе пронајдат совршени парчиња за себе или пак за своите најблиски и ќе ги израдуваат за време на празничната сезона.
Во нивната понуда ќе најдете неколку чифта чевли, меѓу кои и оние направени од кадифе како едни од најпосакуваните.
Подеднакво прекрасни се и сандалите украсени со црвено – црна тантела и впечатлив брош на средината, но и нивните познати чанта во црна, сина, сива и црвена боја, дополнително украсени со кристали во пределот кај рачката.
Во колекцијата дизајнерите сместија и многу модни додатоци меѓу кои и слушалките кои беа вистински хит, мини паричниците или нотеси, венчињата со кристали, обетките и ланчињата по кои девојките полудеа.
Колекцијата ексклузивно можете да ја пронајдете на MyTheresa.com.