Ексклузивна колекција преслатки фустани на Викторија Бекам

23 март 2016

Вашата и наша омилена светска дизајнерка Викторија Бекам, дизајнираше четири модели преслатки фустани за шопинг страницата mytheresa.com.

Како што и прилега, ексклузивната колекција на дизајнерката беше најавена на интимна вечера во Сеул, каде се собра тамошната модна елита и претставниците на страницата mytheresa.com.

Викторија дизајнираше вкупно четири модели на фустани под капата на нејзината позната дизајнерска линија, а кои веќе деновиве ќе бидат пуштени во ексклузивна онлајн продажба на страницата.

Во нејзината понуда можете да најдете три едноставни модели со тенки прерамки украсени со карнери и точки, а еден од нив е направен од тренди материјалот за сезонава со металик сјај.

 

Нејзините обожавателки можат да си го набават и моделот на секојдневно, романтично фустанче со пруги и карнери на ракавите кое е како создадено за првите топли денови. 

Објавено:
23 март 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
780 пати