Најголемата обожавателка на бои во светот, Роксанда Илинчиќ ја лансираше нејзината нова, ресорт колекција која воопшто не нѐ изненади.
Дизајнерката овојпат инспирација пронајде во кубизмот, силните бои и драматичните силуети.
Талентираната српска дизајнерка со седиште во Лондон, повторно ги сплоти сите бои во едно, создавајќи неверојатно добри парчиња, меѓу кои и здолништа, женски костими, фустани и секогаш совршени капути.
Покрај боите, Илинчиќ овојпат се концентрираше и на одличниот избор на материјали, но и на чевлите кои се подеднакво добри како и парчињата облека.
„Се одлучив за ваква експлозија од бои бидејќи сметав дека тие совршено ќе се вклопат во оваа ресорт колекција“, изјави Роксанда по повод лансирањето на колекцијата.
Во продолжение погледнете ги сите парчиња од нејзината нова колекција.