Екстравагантна колекција инспирирана од парискиот хедонизам

13 август 2014

Гламурот и хедонизмот на парискиот ноќен живот во седумдесеттите години на минатиот век послужи како инспирација за новата луксузна линија на долна облека за сезоната есен –зима на Agent Provocateur. Сара Шотон, креативната директорка на брендот со новата колекција сакала да направи камбек на елеганцијата која владеела во минатото, дополнета со разузданите забави, пороците, кабаре танчарките и хедонистичкиот начин на живот.

Новата есенско –зимска колекција е сензуална и во неа доминираат бои, детали, цветни мотиви и секако неизоставните будоар елементи. Линијата долна облека може да се оцени како драматичен гламур, со парчиња кои се одликувани според „ит“ девојки како што се Џери Хал и Изабела Роселини.

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Колекции