Елеганција и нежност во новата колекција на Александар Меквин

13 ноември 2020

Брендот „Александар Меквин“ вчера ја презентираше ресорт колекцијата за 2021 година. На прв поглед ќе ве привлече нежниот колорит.

Драматичноста е еден од препознатливите изрази на модната куќа, но овој пат во преден план се ставени класичните кроеви и елеганцијата.

Фустани со набор и рачно насликани цвеќиња, одела со различни предни делови, а сепак мошне привлечни и класични, мантили, волуменозни фустани се само дел од она како Сара Бартон ја замислува жената следната година.Кога се боите во прашање, розовата и нејзините нијанси се доминантни.

Дел од парчињата се со специфична игра на кроеви, со што ги прави впечатливи и соодветни на потписот на брендот.

„Целата колекција е создадена за време на карантинот. Материјалите што се користени се ткаенини кои сме ги имале на залиха, но се со нов принт, нова боја или се едноставно обновени“, вели Бартон за „Вог“.

Резултатот е колекција која секоја жена без разлика на стилот би ја посакала, бидејќи е комбинација на безвременска класика и уникатна изработка.

Погледнете:

Објавено:
13 ноември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
303 пати