Елена Лука брилираше: Фантастична колекција со екстравагантен дух!

30 октомври 2019

Етаблираниот моден бренд Елена Лука брилираше на вчерашната модна ревија во организација на здружението „Добредојде", што годинава се одржува по трет пат, овој пат на темата: „Made in North Macedonia: Модни куќи".

Во рамките на модното шоу што се одржа во Музејот на македонската борба, пред бројни претставници на дипломатскиот кор и вљубеници во модната уметност, своите нови колекции ги презентираа повеќе домашни модни компании, а ревијата со фантастична колекција ја заокружи модниот бренд Елена Лука.
Преку лепеза од артистични модни дизајни, Елена Лука ни го донесе духот на светската модна сцена кај нас, потсетувајќи нè дека модниот дизајн е нослива уметност која во име на индвидуалноста во амбиент на униформираност, треба широко да ја прифатиме.

Возбудлива, екстравагантна, со нота на коспомолитски темперамент и шик финиш, во концептот на колекцијата веднаш ќе го забележите храбриот пристап во дефинирањето на крајниот производ, што за Елена Лука е препознатлива карактеристика.

Колоритот е магичен, ви ја предизвикува имагинацијата, заедно со суптилно провокативниот израз на кроевите, што како целна функцонираат на врвно ниво.

Како силен одраз на индивидуалност, секое парче поединечно е свој универзум. Неконвенционалноста како водечки белег е сплотена со женственоста, сексапилот, сензуалноста, а некаде помеѓу е сместена диско естетиката на 80-те акцентирана преку нагласените рамена, мини должината на фустаните, асиметричнот крој и светкавите детали.

Ние посведочивме на светска мода спакувана во квалитетен домашен дизајн, а воодушевувањето ви го пренесуваме преку фотографии.

Аплаузи за Елена Лука!

 

Објавено:
30 октомври 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.014 пати