Елена Лука создаде „Бизнис“ колекција инспирирана од амбициите на деловните жени

1 ноември 2014

Елена Лука, инспирирана од потребите на модерната жена, со љубов и посветеност ја создаде својата нова „Бизнис“ колекција за престојната есен/зима 2014-2015 година. Колекцијата е составена од: блејзери, капути, кардигани, кошули, панталони, здолништа и фустани.

„Сите креации се пријатни за носење и според Ваша желба може да ги комбинирате. Во новата колекција,  може да најдете: панталони, здолниште, блејзер од ист материјал и дезен, со што може да го одберете омилениот дезен во омилената креација или пак да направите микс од дезен во различни форми. Изборот и комбинациите на креациите е широк и истиот зависи од Вас“, велат од Елена Лука.

Материјалите кои се користени во изработка на креациите се висококвалитетни, а нивната палета е составена од: брокат, штоф, пуплин, жоржет, сатен, чоја.


Повеќетo креации ја негуваат Вашата смелост во трансформациите на деталите.
Едни од носечките парчиња на новата „Бизнис“ колекција која изобилува со дизајнерска иновативност во формата, се кошула која е изработена од дизајнирана превртена јака во класична форма и кошула која може да се трансформира. За првпат Елена Лука, специјално за Вас создаде колекција достапна во величина од 38-46.

Инспирацијата за новата Бизнис колекција на Елена Лука, е врежан во ликот на современата дама, во нејзината амбиција, во нејзиниот префинет и истенчан вкус кој го гради нејзиниот идентитет.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Колекции