Ели Сааб имагинацијата ја претвори во реалност

13 декември 2014

Пред – есенската колекција на Ели Сааб за 2015 година е спој на бајките во кои се живее номадски. Парчињата се совршени за сите оние припаднички на понежниот пол кои имаат истенчен вкус, но и оние кои сакаат комбинација од строги линии и впечатливи принтови, во една уникатна модерна композиција.

Модниот дизајнер создаде колекција во која акцент е ставен на цветните и графички принтови, волуменозноста, но и еднобојни комбинации на макси и мини фустани и здолништа, капути, панталони во трапез форма, но и транспарентни парчиња за грациозен изглед. Исто така, покрај чантите, шапките и чевлите со отворени прсти,  крзното преовладува во пред – есенската колекција и тоа во различни нијанси и детали.  Ели Сааб е познат по создавањето на женствени парчиња, а овој пат внесе доза на софистицираност, наменета за дамите кои на одреден начин се поистоветуваат со имагинативни ликови на кралици и принцези од народните бајки. Колекција која ќе ве остави без здив!

Објавено:
13 декември 2014
Категорија: 
Колекции