Ели Сааб претстави колекција со најмалку тантела

21 јануари 2020

Либанскиот дизајнер неодамна ја презентираше пред-есенската колекција, а првиот впечаток е дека за разлика од досега, оваа има најмалку тантела во неа.

Неколку од моделите се со нежна тантела, при што се одава впечаток на воздушести, лебдечки креации, додека кај повеќето тантелата се користи само како дополнителен украс, но не и како доминантен материјал. За разлика од претходно, каде не постоеше простор за ништо друго совен за тешки и впечатливи тантели, дизајнерот досега направи поедноставување на креациите, барем кога е изборот на материјали во прашање.

Дизајнерот овој пат го стави акцентот на силни нијанси и полни ткаенини кои даваат луксузен изглед. Еднобојните креации со детали се неговиот предлог за тоа како современата жена треба да изгледа. 

Сепак, имајќи предвид дека е сезона на награди и „Оскари“ се ближат, понуди и креации кои се изработени од пулејки и светкави материјали.

Комбинезоните, кратки и долги, се негов чест избор во последните колекции, а тоа е случај и сега. Карнерите и ремените со огромни панделки ги збогатуваат креациите.

Во продолжение погледнете ги останатите модели, а наскоро ќе видиме кој од овие модели ќе се најде на црвениот килим:

Објавено:
21 јануари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
9.595 пати