Ели Сааб со новата колекција ги најавува гламурозните денови

15 јуни 2021

И Ели Сааб се враќа во модниот ритам со новата ресорт колекција, а уште повеќе му се враќа на гламурот по кој и стана препознатлив.

Така, колекцијата изобилува со свечени креации, сјај, тантела, металик нијанси, кои долго време ги ставивме на пауза. 

Кога се боите во прашање се движи од бела преку црвено-портокалова, зелени нијанси, до металик сина и секако црната.

Женственоста ја задржува како појдовна точка, но овој пат става акцент на впечатливост и сјај. Сепак, на моменти ја смирува колекцијата со секојдневни парчиња и комбинациите со плисе. Ги вметнува и морнарските мотиви како директна асоцијација на лето и патувањата, додека пак во останатиот дел од колекцијата доминира цветниот принт.

Цветот е пресликан и на чантите, како и сандалите, со што либанскиот дизајнер се потруди да ја заокружи оваа скапа ресорт приказна.

Како вели за странските медиуми, колекцијата ја посветува на каприциозните задоволства и на жените кои уживаат во доброто расположение и со тоа ги најавува гламурозните денови кои ни претстојат и кои веројатно на сите помалку или повеќе ни недостасувале.

Објавено:
15 јуни 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
824 пати
Тагови: 
Ели Сааб ресорт