Ели Сааб создаде уште една колекција за сонување!

27 јануари 2016

Љубителите на раскошните фустани веројатно со нетрпение ја очекуваа најновата ревија на Ели Сааб, за пролет 2016, на актуелната моднан недела за Висока мода во Париз.

Либанскиот дизајнер уште еднаш ги исполни очекувањата на жените и создаде колекција за која многу од вас ќе сонуваат и ќе се восхитуваат.

Сааб овој пат инспирацијата ја најде во истражувачкиот дух на Лајла Вингфилд, аристократка со англо-ирско потекло. Токму затоа дизајнерот се обидува да истражува и да си поигрува со силуетите.

Низ целата колекција, како и кај Армани, се застапени виолетовите и „ледените“ нијанси, што уште повеќе придонесуваат за аристократскиот изглед на креацииите изработени од тантела, свила.

Дизајнерот е препознатлив по тоа што половината ја нагласува со ремен, што беше случај и овој пат, а она што нè изненади беа обувките, кои варираа од рамни сандали и папучи (слични на биркенсток моделот) до чизми, повеќето украсени со кристали.

Кристалите се присутни и на дел од ремените, како и на модните додатоци за коса. Кога се модните додатоци во прашање, не можевме а да не забележиме дека како и кај „Шанел“ и овде чантите се носат околу половината.

Освен со луксузните фустани во различни кроеви, Ели Сааб колекцијата ја комплетира со неколку комбинации што вклучуваат панталони и богато украсени палта и наметки.

Иако креациите од Висока мода се недостапни за повеќето од нас, она што секако можеме е да уживаме.

Објавено:
27 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.655 пати