Ели Сааб зима 2020: Колекција посветена на модерната жена

5 март 2020

Либанскиот дизајнер во Токио неодамна ја презентираше својата најнова колекција, ready-to-wear за зима 2020 година. 

Присутните се шегуваа дека во првите редови мириса за средство за санитарија, но тоа сепак не ги попречи да ја проследат и да ги искажат своите впечатоци.

Како вели и самиот дизајнер, за оваа колекција инспирацијата ја црпел од Андалузија, но и модерната жена.

Влијанието од Андалузија се гледа преку изборот на ткаенини, присуството на тантела, кратките палта, ориенталните елементи, карнерите, ресите, додека начинот на кој се спакувани, го одраз на тоа како Сааб ја замислува модерната жена.

Забележителна е и доминацијата на црните панделки, кои како естетика ги препознаваме од Карл Лагерфелд, потоа и „Шанел“, „Гучи“, „Долче и Габана“, а сега со нив се послужи и либанскиот дизајнер. Но, иако веќе видени, сепак придонесуваат за женственост и впечатливост.

Дизајнерот понуди креации за различни делови од денот. Крајот е секако резервиран за блескави креации од тантела, пердуви, но нас ни го привлекуваат вниманието оние од свила во интензивни бои и со многу волумен.

Во продолжение погледнете ги останатите креации и кажете ни, како ви се допаѓа зимската колекција на познатиот дизајнер?

Објавено:
5 март 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.639 пати