Еротиката како инспирација за новата колекција на Џејсон Ву

14 мај 2013

Доколку не сте запознаени со работата на овој млад дизајнер, помпезните наслови може да ве натераат да мислите дека станува збор за садо-мазо претстава, во која хероините маршираат во корсети и кожни здолништа, носејќи жилет во рацете.

Најверојатно неговата најважна ВИП клиентка Мишел Обама нема да се пронајде во новата колекција, но благодарение на оваа соработка дизајнерот стана миленик на голем број холивудски ѕвезди.

Едноставно кажано креациите на Џејсон не се наменети за на работа, но сигурно добро ќе послужат за големиот број модни забави. Тантелата и кожата се основните материјали кои Ву ги користи за комбинациите од модни здолништа, строго кроени кошули, блузи и фустани, кокетирајќи со долната облека.

Ревијата била затворена со транспарентни фустани кои може да послужат на некој од црвените теписи, каде Ву е чест гостин.

Објавено:
14 мај 2013
Категорија: 
Колекции