Есенски лукбук на Стела Мекарни за Адидас

4 јули 2014

По тој повод, лансиран е новиот есенски лукбук кој изобилува со интересни модни парчиња од кои секој ќе го пронајде своето омилено за претстојната есенска сезона, а тоа што е впечатливо во целата колекција е дека парчињата се наменети за повеќе спортски дисциплини – ритмичка гимнастика, балет, атлетика, скијање и јога. Есенската спортска колекција на Стела Мекартни за Адидас сигурно ќе ги осови симпатиите на сите оние дами кои сакаат да изгледаат шик во спортски парчиња.

Исто така, деновиве модната дизајнерка  го привлече вниманието на јавноста и поради новите чанти кои се направени од синтетика, но изгледаат како да се од кожен материјал. Тоа што заинтересираните купувачи не знаеле да ја определат разликата меѓу двата материјали го искористи Стела, која реши да се пошегува прво пласирајќи информација дека се изработени од чиста кожа, а подоцна признавајќи дека се работи за синтетика. Претходно дизајнерката беше во Милано каде ја претстави предлетната колекција за 2015 година.

stela

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Колекции