Есенско-зимска колекција на бразилскиот бренд Colcci

14 декември 2013

sau_paulo_fall2014-fi

Презентирана на модната недела во Сао Паоло, колекцијата на бразилскиот бренд Colcci, го стави фокусот на кежуал парчињата инспирирани од урбаната култура и модата од 90-те. Креативните директори Адријана Зузо и Жизел Морес  потенцираат дека оваа колекција е за личности што пред се сакаат да бидат маркантни . Колорната карта на колекцијата е сочинета од:  војничка зелена, црна, сива и црвена боја. Бразилскиот супер модел Жизел Бундшен ја отвори ревијата за прв пат после две години, откако во 2000-та година стана заштитно лице на Colcci.

Објавено:
14 декември 2013
Категорија: 
Колекции