Во прекрасната, мистична и уникатна Westminster Abbey, вчера се одржа неверојатна ревија на модниот бренд Гучи за нивната ресорт 2017 – та колекција.
Креативниот директор на брендот, ултра талентираниот Алесандро Мишел уште еднаш ја воодушеви публиката со неговите неверојатно уникатни парчиња кои раскажуваат една посебна приказна.
Инспириран од панк културата и викторијанскиот период на британската историја, дизајнерот претстави уште една ексцентрична колекција со импресивни креации.
Како и секогаш, можевме да видиме голем број на парчиња со прекрасни принтови, меѓу кои и мотиви од британското знаме, различни цветови, совршени апликации на тексас јакните, шик значки и бројни детали кои одлично се вклопија во тематската колекција и амбиентот на просторот.
Тој секако не ги заборави ниту неговите познати панделки и фустаните од тантела кои некако станаа негов заштитен знак. Што се однесува до боите, тој повторно прикажа неверојатно колоритна палета, како и богата текстура и фасцинантни материјали.
Погледнете ги сите модели од колекцијата во галеријата погоре!