Фенди- есен и зима во знакот на крзното

19 октомври 2013

Fendi

Во центарот на вниманието на колекцијата на Фенди за есен-зима 2013/14 е крзното. Не само што моделите беа најчесто изработени од овој материјал, туку тој доминираше и во модните додатоци - очила, чанти и чевли, како и ремени.

„Советник“ на Силвија Фенди за оваа колекција бил никој друг туку Карл Лагерфелд. Силвија во шега вели дека „по пистата чекорат чудни суштества, но дека тоа може да се нејзини птици“.

Влијанието на Лагерфелд се забележува во примената на кожата како материјал, во комбинација со крзно, кое пак го има во разни бои, како и панк фризурите.

Погледнете.

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Колекции