Free People ги нудат најдобрите бохо парчиња оваа есен

12 август 2015

Сосема слично на досегашната работа, брендот Free People создаде нова бохо колекција во која ние дефинитивно би сакале да ги поминеме последните летни и првите есенски денови. 

Според она што можевме да го видиме од нивниот каталог, претстојната есен ќе носиме навистина удобни, широки фустани, џемпери во прекрасни есенски бои, долги плетени палта, шапки и чизми до колената. 

Палетата на бои е прекрасна и сосема соодветна за свежите есенски денови. Тимот на брендот почна од нежна розова кај фустаните, шармантна кафена кај долгите парчиња, па сѐ до сива и крем кај џемперите и потоплите парчиња. 

Она што е особено интересно во оваа колекција е одличниот спој на спортските со покласичните парчиња, па така Free People девојките следната есен ќе носат блузон со кусо здолниште, долг фустан со качулка и нежен џемпер со широки памучни панталони.

Во галеријата погледнете ја новата колекција на Free People и одберете си парче за вас!

Објавено:
12 август 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.111 пати