Free People одбра неутрална палета за претстојната сезона

20 август 2014

Омилениот боемски бренд Free People, есенва својата палета ќе ја ограничи на нежните неутрални тонови и ќе раскаже вистинска есенска бајка во романтичен дух.

Главниот фокус во новата колекција е ставен на слоевитото облекување, пастелните бои, како и контрастот во комбинирањето на лесни ткаенини со тешки и дебели плетива кои гарантираат удобна и лежерна сезона.

Најзастапени се белата и сивата боја во оваа шармантна колекција во која кошулите изработени од транспарентни материјали се споени со чизми до глужд или такви до над колената, а изгледот е финиширан со женствени шешири и накит во хипи стил.

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Колекции