Генерациски микс во зимската колекција на Bournemouth

13 ноември 2013

Неверојатна фузија од бои, игра со материјали, впечатливи кроеви и детали, ја карактеризираат зимската колекција на брендот Bournemouth, но она што е уште повпечатливо е тоа што колекцијата буквално ги таргетира сите генерации поради што на писта гледаме модели од најмала возраст до шармантни манекени во третата доба од својот живот.

Иако невообичаено за овој период од годината, гледаме многу позитивни светли бои, разиграни принтови и цветни додатоци за коса. Како Bournemouth гласно да ни потенцира: хоризонтите на модните погледи се широки, лесно ги елиминираме крутите граници и практично го разубавуваме секојдневието во секоја животна доба!

 

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Колекции