Ги сакаме сите комбинации од новата Ресорт колекција на Викторија Бекам

22 јули 2020

Меѓу дизајнерите кои одлучија да понудат нови колекции и покрај кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 е и Викторија Бекам.

Таа неодамна ја претстави ресорт колекцијата за пролет-лето 21, а првите впечатоци се дека останува верна на својата софистицирана, а лежерна естетика.

Во поглед на кроевите, не нуди новитети, но сепак начинот на кој ги вклопува боите, принтовите, успева да предизвика внимание.

Бекам нуди комбинации кои секоја жена ќе посака да ги има во својот гардеробер. Панталони со висок струк и кошула на риги во комбинација со долг мантил = совршен деловен стајлинг.

А кога сме кај панталоните, забележително е присуството на инспирација од 1970-тите и благите ѕвонарки.

Во дел од парчињата е присутна и сафари естетиката, додека пак последниот дел од колекцијата е резервиран за парчиња во црна боја, со доза на сексапил - гол грб со тенки прерамки, софистицирана тантела, свила, транспарентен органтин...

Не се расплинува со боите, балетата се сведува на црвена, сина, црна и бела, но се искомбинирани на ефектен начин што привлекува внимание.

Погледнете:

 

Објавено:
22 јули 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.260 пати
Тагови: 
ресорт Бекам