Gucci ангажираше 68 пара близнаци за ревијата во Милано

26 септември 2022

Едно од секои 42 родени деца во светот е близнак, а дел од нив беа дел од ревијата на Gucci која се одржа во петокот во рамките на модната недела во Милано. Имено, креативниот директор на модната куќа, Алесандро Микеле, за ревијата ангажираше 68 пара близнаци, а главната инспирација за овој концепт доаѓа од неговата мајка, која исто така е близначка.

Фото: Vogue

Нераскинливата врска и импресивна сличност на неговата мајка Ералда и нејзината сестра Џулијана прераснала во вистинска опсесија за Микеле додека бил дете, кој со текот на времето ја открил вистинската магија во сличноста кај близнаците: тие не се комплетна копија едни од други, тоа е само илузија, „напукната симетрија" како што тој ја нарекува.

Фото: Vogue

Идејата зад овој концепт била, преку идентични близнаци облечени во иста креација да се потенцира дека кога ќе се вљубиме до одредено парче облека, она што е магично е често неговата единственост, која може да се скрши кога ќе ја видиме на друга личност. Според Микеле, тоа е причината зошто винтиџ шопингот и архивскиот дизајн станаа толку популарни во последниве години.

Фото: Vogue

Наедно, со оваа ревија Микеле сака да докаже дека друга личност не се претвора во вас откако ќе ја облечете истата облека. Магијата на модата е како таа оживува различно кај секој поединец.

„Истата облека емитира различни квалитети на навидум идентични тела. Модата, на крајот на краиштата, живее на сериски множење што не го попречуваат највистинското изразување на секоја можна индивидуалност", вели тој.

Фото: Vogue

На пистата доминираа различни материјали, светкави и колоритни парчиња кои зрачеа енергија и свежина, неверојатен микс на бои и текстури, многу фустани, одела, хеланки, здолништа и накит кој виси од очилата за сонце и го покрива лицето.

Фото: Vogue

Погледнете како изгледаа моделите.

Фото: Vogue

Објавено:
26 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
562 пати